Манчестер Јунајтед пронајде засилување од Барселона

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман иако се ослободи од Луис Суарез, има намера да се заблагодари на уште еден офанзивен играч, а станува збор за Османа Дембеле.

Наводно Куман порачал дека Дембеле е слободен да го напушти клубот кога и да посака. Причината за ова е што преднос ќе добие младиот Фати кој блеска на стартот од сезоната.

За Дембеле како прв фаворит за неговиот потпис се споменува екипата на Манчестер Јунајтед кој очајно сака да се засили на крилните позиции.

Се чини дека Џејдон Санчо отпаѓа со оглед на тоа што неговата ситуација е комплицирана, па затоа од „Олд Трафорд“ бараат алтернатива до крајот на овој преоде рок.

Како што е познато, Османа Дембеле во Барселона стигна во 2017 година од редовите на Борусија Дортмунд. Во дресот на Каталонците запиша 52 настапи на кои постигна 12 гола, а поголемиот дел од периодот поради повреда беше надвор од терените.

Post Author: aleksandar