Меси следните две години ќе игра во Барселона или ПСЖ, а потоа заминува во Мајами?

Повторно се актуелни шпекулациите за иднината на аргентинската ѕвезда Лионел Меси, кој често се поврзува со заминување од Барселона.

Аргентинецот има договор со Барселона до крајот на сезоната, по што ќе биде познато каде ќе игра следната сезона.

Ако може да им се верува на шпанските медиуми, како и на „Кадена Сер“, Меси ќе остане уште две години во Европа, односно во тимот на Барселона или ПСЖ, во зависност од тоа кој ќе го убеди да потпише соработка.

А по следните две сезони, Меси ќе си замине од Европа и ќе се пресели во Интер Мајами, чиј газда е поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам.

Post Author: D C