„Мундо Депортиво“ ги откри големите планови на Лапорта! (фото)

Каталонскиот медиум „Мундо Депортиво“ во денешното издание ги откри плановите на новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта.

Претседателот на тимот има големи планови, па екипата на Барселона во следната сезона би можела да изгледа поинаку.

Каталонците го посакуваат Ерлинг Халанд, а таков трансфер би ги чинел 110 милиони евра и парите би се собрале со продажба на одредени фудбалери.

Останатите засилувања во клубот би пристигнале како слободни играчи, но станува збор за познати имиња од светскиот фудбал,

Ерик Гарсија е веќе договорен, а Лапорта ги сака уште и Давид Алаба, Серхио Агуеро и Мемфис Депај.

Овие фудбалери од лето се слободни агенти и тоа дополнително го олеснува потенцијалното ангажирање од страна на каталонскиот клуб.

Post Author: D C