Доколку може да се верува на англиските, но и италијанските медиуми, Тотенхем и Интер се во напредна фаза во преговори за дефанзивецот Милан Шкриниар.
Наводно Жозе Мурињо е подготвен да плати за услугите на Словакот 50 милиони евра.
Сепак, италијанските медиуми се прашуваат дали оваа понуда ќе ги задоволи челниците на Интер, бидејќи Шкриниар е еден од најдобрите дефанзивци во Италија, па и Европа во последните две сезони.
Стивен Хичен денеска би требало да престојува во Милано за да се обиде да го заврши трансферот. Интер бара 60 милиони евра за својот играч.