Навивачите воодушевени: Лапорта носи огромно засилување во Барселона

Жоан Лапорта убедливо победи на претседателските избори во Барселона, како што се очекуваше и претходно, па го доби вториот мандат на кормилото на Каталонците.

Лапорта славеше на изборите и веднаш почна да бара засилувања за каталонскиот гигант, а шпанските медиуми пишуваат дека тој прво разговарал со Давид Алаба.

Новиот претседател на Барселона, наводно, го замолил агентот на Алаба да почека да завршат изборите во Каталонија, по што ќе почнат преговори.

Баерн Минхен се обиде да го задржи Алаба и му нудеше плата од која „боли глава“, но тој е решен во неговата намера да го напушти тимот, па сега Барселона би можела да биде негова следна дестинација во кариерата.

Post Author: D C