Нов потрес во Барселона: Бартомеу е осомничен за корупција

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси побара да си замине од клубот, а во тек се преговори за тоа што понатаму на оваа тема, иако не се исклучува можноста Аргентинецот докрај да го одработи својот договор до идното лето по што би си заминал без никакво обештетување, опција која веќе ја потврди неговиот татко.

Меѓутоа, во Барселона сега имаат веројатно уште поголем проблем, а „Ел Мундо“ објави дека каталонската полиција веќе доставила извештај до судот од истрагата за случајот „Барсагејт“, со што укажува дека постои можност за „криминална активност за лична корист“.

Во извештајот наводно се наведува дека постои корупција во однос на договорот на клубот со агенцијата која се бави со социјални мрежи, „ИЗ Вентурес“, а дека има нешто скандалозно во сето тоа, доволно говори дека Барселона на таа компанија исплатила 600% поголем износ од реалното.

Во однос на случајот „Барсагејт“ вреди да се потсетиме на што се однесува тој, на почетокот на годинава беше објавен скандалот со што почнаа потресите во Барселона, првично од врвот, а истиот се однесува на тоа дека претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и неговите соработници ангажирале ПР агенција која требало да го исчисти образот на челниците на клубот, а да го оцрни на неистомислениците.

Post Author: aleksandar