Од Париз нова порака за Меси, загрижени се навивачите на Барселона

Иако се шпекулира дека Барселона ќе ја продолжи соработката со Лионел Меси, сепак Аргентинецот уште е желба на ПСЖ.

Богатите газди на тимот од Париз не ја губат надежта дека би можеле да го купат Меси и да направат трансфер за кој ќе зборува цела планета.

Претседателот на парижаните, Насер Ал-Келаифи тврди дека првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта добил порака од него.

Меси има договор со Барселона до крајот на овој месец.

„Големите играчи сакаат да дојдат во ПСЖ. Не е можно сите да ги донесеме затоа што веќе имаме одлични фудбалери. Меси е одличен, а јас тоа му го кажав на Лапорта и му спомнав дека неговиот договор е при крај и секој тим има право да преговара со него“, вели Келаифи.

Меси во 2017 година го продолжи договорот со Барселона на три години, со опција и за четврта, која ја активираше претходниот претседател Бартомеу.

Аргентинецот со тој договор доби 555 милиони евра, а само од бонуси доби повеќе од 115 милиони евра, по што доби и 78 милиони евра за лојалност.

Меси во Барселона одигра 778 натпревари и постигна неверојатни 672 гола.

Post Author: D C