Барселона во средата го победи Елче со 3-0 во преостанатиот меч од Ла Лига. На овој натпревар неверојатен беше Лионел Меси кој постигна два гола.
Голманот на Елче, Едгар Бадиа беше изненаден по натпреварот, а по крајот на дуелот, Меси му го побара дресот и го остави збунет.
Бадиа го зема дресот на Меси, но потоа веднаш му го даде својот дрес на Аргентинецот, иако на почетокот беше збунет.
„Да, бев изненаден. Но, знаете што мислев по натпреварот и покрај резултатот? Овој тим ќе се спаси од испаѓање. Одиме напред затоа што одигравме одличен меч и сакаме да останеме меѓу најдобрите“, кажа Бадиа.
— Follow @FrenkieStats (@FollowFrenkieS) February 24, 2021