Погба со фантастичен погодок од слободен удар ја запечати победата на Јунајтед (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија поправен меч со Брајтон, а со тоа си овозможија место во четвртфиналето во Лига Купот.

Минатиот викенд Јунајтед се мачеше против Брајтон и со многу среќа дојде до трите бода во Премиер лигата (3-2), но вечерва избраниците на Оле Гунар Солскјер беа посигурни и со 3-0 дојдоа до пласман во следната фаза.

„Црвените ѓаволи“ го отворија резултатот во 44. минута преку Мектоминеј кој погоди по додавањето на Мата. Токму искусниот Шпанец во 73. минута зголеми на на 2-0 за точка да стави Погба со одличног погодок од слободен удар во 80. минута, ситуација во која имаше помош и од живиот ѕид.

Post Author: aleksandar