Сакате сертификати за патување? Еве кога ќе може да ги добиете!

Министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче кажа дека од следната недела граѓаните ќе може да добијат сертификати со кои ќе патуваат во европските држави.

„Од следната недела ќе издаваме сертификати. Тоа е електронскиот код кој ги има податоците за вакцината, за тестот и за антителата, па патникот ќе може да ги има со себе кога ќе патува во европска земја“, кажа Филипче.

Француските медиуми објавија дека земјите членки на Европската унија се согласиле да дозволат влез на патниците од други земји кои имаат примено потребна доза на вакцinата одобрена од ЕУ.

ЕУ се обидува да ги координира и надворешните граници поради последици од слободно движење во унијата. Во март 2020 година беа затворени сите граници за незадолжителни патувања, па сега се разгледуваат други мерки.

Post Author: D C