Само што не се расплака: Жоржињо доби одлично изненадување во италијански ресторан!

Фудбалерите на Челси сезонава ги изненадија сите со освојувањето на Лигата на шампиони. Тие пред една недела победија со 1-0 против Манчестер сити и се искачија на европскиот трон.

„Сините“ не беа најдобри сезонава во Премиерлигата, но откако Томас Тухел дојде на кормилото многу работи се променија за само неколку месеци.

Челси беше одличен во нокаут-фазата во која на пат до финалето успеаа да ги исфрлат Атлетико Мадрид, Порто и Реал Мадрид.

Во финалето за многумина сити беше фаворит, но на крајот Челси успеа да го освои вториот трофеј во елитното натпреварување.

Во центар на внимание е Жоржињо кој се подготвува за настап на Евро 2020, а тој во еден ресторан доби навистина неочекувано изненадување од газдата.

Газдата на ресторанот во Италија со химната на Лига на шампиони му даде подарок на играчот на Челси, кој беше изненаден и не можеше да ги сокрие емоциите.

Post Author: D C