Сечат сијалички низ Скопје: „Има ли п0лиција за ова племе!?“ (Видео)

Тик Ток лудилото продолжува и понатаму, а корисниците на популарната социјална мрежа не престануваат со нивните глупости и секоја следна ги надминува границите на нормалното.

На социјалните мрежи се појави едно видео на кое неколку граѓани ги сечат новогодишните украси, односно сијаличките без да размислат дека може нешто да им се случи и на нив.

Видеото беше објавено на социјалната мрежа Твитер на еден профил под името „ЗабароТ“, кој немаше милост во описот на видеото и напиша:

„Полицијата тепа и апси во Вевчани, а за ова ПЛЕМЕ има полиција и апсење ???? или казна од 45-50€….“, пишува лицето кое стои зад профилот.

Post Author: D C