Што се случува со Месут Озил?

Фудбалерите на Арсенал синоќа со 2:0 славеа победа над Лестер во Лига купот. Микел Артета играше со комбиниран состав во кој немаше место за играчот кој зема најмногу пари во Арсенал, Месут Озил.

Токуму поранешниот германски репрезентативец бил тема на прес-конференцијата по натпреварот.

„Овој тим напредува, тоа можете да го видите и по тоа како делуваме на теренот. Ги бираме најдобрите играчи за кои мислиме дека најмногу ќе покажат на мечот што го играме“, рекол Артета и дополнил.

„Не му е тешко само на Озил, има и други играчи кои не играа во Премиер лигата, а не беа во тимот ниту вечерва. Имаме тим од 27 играчи, не можат сите да играат“.

Post Author: aleksandar