Сити купи нов дефанзивец за 68 милиони евра

Манчестер Сити го купи дефанзивецот на Бенфика Рибен Дијас, 24 откако прими пет гола од Лестер во Премиер лигата.

Дијаз доаѓа во Манчестер за сума од 68 милиони евра, јавуваат медиумите од Англија. Дијаз има 23 години, за репрезентацијата на Португалија има одиграно 19 натпревари.

„Граѓаните“ се надеваат дека со овој потег ќе ги решат проблемите во одбраната. Португалскиот интернационалец импресионираше во трите сезони како член на Бенфика, а добрите игри му донесоа место во националниот тим на Светското првенство 2018.

Post Author: aleksandar