Солскјер го добива најголемото засилување

Изгледа дека дошло до пресврт, наводно остануваат само детали, ниту самиот играч нема да може да го одбие ова. Се чини дека летната сага ќе има среќен крај за Манчестер Јунајтед.

Имено, Џејдон Санчо има ветување од Борусија дека ќе го пуштат ако „Ѓаволите“ платат 120 милиони евра и изгледа дека Англичаните се предомислија.

Останува да се договори платата, наводно некогашниот играч на Сити се предомислил кога Јунајтед му понудил многу повеќе од првичните 250.000 фунти неделно.

Меѓу островските медиуми се појави информација дека Санчо ќе биде платен 340.000, односно околу 19 милиони евра на годишно ниво, така што заедно со Погба и Де Геа ќе биде најплатениот фудбалер на „Ѓаволите“ и еден од најплатените во Премиер лигата.

И тоа не е се, покрај Ван де Бек и Санчо, Солскјер е на пат да добие и стопер. Дајот Упамекано за околу 50-тина милиони евра ќе ја засили последната линија, пред тоа, Јунајтед мора да го продаде Смолинг во Рома, но и да ги продаде или позајми Фил Џонс и Маркос Рохо. Во секој случај, по лошиот почеток на трансфер пазарот, сега Вудворд влезе во ритам и за тројца играчи би требало да потроши повеќе од 200 милиони евра, а Санчо веројатно ќе биде најголемиот трансфер некогаш, не само во Јунајтед, туку и во Премиер лигата.

Post Author: aleksandar