Така е кога ќе имаш средба со најдобриот: Меси го збуни целосно голманот на Елче (ФОТО)

Барселона вчера славеше против Елче во лесно второ полувреме со 3-0 и така да се вратат по неочекуваното реми против Кадиз.

Два гола во триумфот постигна Лионел Меси, кој ја продолжи голгетерската серија, но тоа не го привлече вниманието најмногу на дуелот.

Тоа што е во центар на внимание е потегот на Меси по последниот судиски свиреж, кога фудбалерите тргнаа да си ги разменат дресовите на теренот.

Голманот на Елче му го побара дресот на Меси, кој без многу размислување му го даде, а потоа за возврат му го побара неговиот дрес, по што чуварот на мрежата остана изненаден бидејќи не очекуваше такво нешто.

Post Author: D C