По зголемувањето на бројот на нови случаи со Ковид 19, Владата усвои нови протоколи кои предвидуваат ограничување на работното време на угостителските објекти, бројот на посетители во нив, како и мерки со кои се забрануваат настапи на музучари и диџеи.
Овие мерки доаѓаат по неколку инциденти во познати локали во земјата каде изминатиот период беа организирани концерти, на кои не се почитуваа мерките.
Угостителските здруженијата сметаат дека не е во ред поради неколкумина некоректни колеги кои не ги почитуваат законите и се ставаат над нив, да страда целиот сектор.
Најавуваат дека ќе ги затворат своите објекти во знак на протест против одлуката за воведување нови рестрикции во угостителството.
Незадоволни се и музичарите, кои денеска ќе излезат на протест на кој ќе ги изразат своето незадоволство и ќе ги изнесат своите барања.