Вајналдум ги предаде Каталонците, но Барселона има ас во ракавот!

Жоржињо Вајналдум беше на чекор до потпис за Барслеона, но се предомисли во последен момент и ќе потпише за ПСЖ.

Барселона се договори со Вајналдум, кој реши да го напушти Ливерпул како слободен играч затоа што на крајот на месецот му завршува договорот. Каталонците беа подготвени да испратат и медицински тим во кампот на Холандија, но тоа беше стопирано.

Во борбата за потписот на Вајналдум се вклучи ПСЖ, кој понуди двојно поголема плата за Вајналдум од Барселона.

Но, раководството на Барселона не седи мирно и тие се подготвени да ангажираат друго засилување во средниот редн, а прва желба е ѕвезда на Манчестер сити.

Станува збор за Илкај Гундоган, кој одигра фантастична сезона во Манчестер сити и има договор на уште две години, но Сити ќе го пушти ако Барселона има добра понуда за него.

Овие шпекулации ги воодушевија навивачите на Барселона, кои сметаат дека Гундоган ќе биде подобро засилување од Вајналдум.

Гундоган и пред шест години беше на чекор до Барселона, но тогаш ги мина медицинските прегледи, сепак од непознати причини пропадна трансферот.

Post Author: D C