Вајналдум како Де Јонг – Соништа или пари?

Вајналдум постигна договор со Барселона, договор и план за промоција беа подготвени, но потоа влета ПСЖ.

„ЕСПН“ подоцна објави дека ПСЖ веќе му понудил подобра понуда од Барселона и дека Холанѓанецот е блиску до преселба во Париз.

Ова е вистински момент да се спомене случајот со Френки де Јонг од јануари 2019 година, кога имаше понуди од Барселона и ПСЖ.

ПСЖ тогаш се трудеше да го добие неговиот потпис, но поголема среќа да го ангажира Холанѓанецот имаше Барселона.

Хозеп Марија Бартомеу тогаш направи една позитивна работа за каталонскиот тим во својот петгодишен мандат.

Бартомеу директно замина за Амстердам на преговори со Де Јонг и му објасни што нуди Барселона и зошто каталонскиот гигант е најдобар избор за него.

Поранешниот претседател на Барселона се врати со потписот на Де Јонг, а ПСЖ го избрка спортскиот директор Антер Енрике.

Две и пол години подоцна ПСЖ сака да им се одмазди поради кражбата во 2019 година, а очигледно се на добар пат да го направат тоа.

Вајналдум е сега во слична позиција како Де Јонг. Барселона подготви ремонт и почеток на нова ера, а веќе зема три засилувања.

ПСЖ како и секогаш има повеќе пари и има силен тим со кој ќе ја нападне Лигата на шампиони, па останува да видиме кој ќе го добие потписот на Вајналдум.

Post Author: D C