Во соблекувалната на Барселона нема недопирливи: Кој од главните ѕвезди ќе биде избркан летово?

Во Барселона летово се подготвуваат за големи промени по уште една разочарувачка сезона. Каталонскиот тим успеа да го освои само шпанскиот Куп, но потфрлија во Ла Лига и Лигата на шампиони.

Барселона во ЛИгата на шампиони играше до осминафиналето, по што беше елиминирана, додека на едно коло пред крајот останаа и без борбата за трофеј во домашното првенство.

Претседателот Жоан Лапорта најави дека во екипата ќе има промени, а дел од медиумите шпекулираат дека тренерот Роналд Куман ќе замине, додека на негово место ќе пристигне Чави.

„Мундо Депортиво“ објави и дека на крајот на сезоната нема да има недопирливи во соблекувалната и дека секој би можел да замине.

Раководството треба да одржи состанок со Жерар Пике, Серхи Роберто, Бускетс, Антонио Гризман и останати од кои ќе бара да прифатат помали плати.

Тоа се фудбалери кои заработуваат најмногу во Барселона, но доколку не прифатат помали плати, тогаш би можеле да бидат продадени.

Лапорта во моментов работи и на нов договор на Лионел Меси. Преговорите се во тек, а Аргентинецот на крајот на сезоната ќе соопшти дали ќе остане во Каталонија.

Меси е подготвен да прифати и помала плата за да ѝ помогне на Барселона, а негов единствен услов за да остане е создавање на моќен тим кој ќе ги нападне сите трофеи следната сезона.

Post Author: D C