За две недели ќе нè совладал вирусот, новиот удар ќе траел до април!?

Српските медиуми пишуваат дека Србија влегува во третиот бран на вирусот, а според нивните експерти, тој ќе бил најдолг од сите и според нивните прогнози ќе траел дури до март или април.

Според проценките на српските експерти првиот бран траел од март до крајот на мај, вториот од јуни до септември, додека третиот ќе трае пет месеци.

Епидемиологот др. Соња Новак вели дека третиот бран ги изненадил и стигнал многу порано од очекуваното.

„Почна ладното време, луѓето ќе престојуваат во затворени простории, а тоа значи дека вирусот се шири многу брзо. Затоа мора често да се проветруваат просториите и да се почитуваат мерките на заштита. Колку и да ви е здосадено да го слушате ова, сепак мора да го почитувате“, вели таа.

Во Македонија ситуацијата е алармантна и се зголемува бројката на заразени, а од понеделник очекуваме нови мерки, како што најави министерот Венко Филипче.

Post Author: D C