Ѕвезда на Интер призна: Преговарав со Барселона, но…

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез најверојатно ќе го продолжи договорот со Интер, иако во претходните преодни периоди се поврзуваше со трансфер во Барселона.

Мартинез во разговор со италијанските медиуми призна дека имал понуди од каталонскиот гигант, но на крајот решил да остане во Милано.

„Да, Барселона сакаше да ме ангажира минатата година, но јас избрав друг пат. Му кажав на конте да не се грижи за мене затоа што ќе останам во Интер. Барселона сега е минато и решив да останам во Интер. Наскоро ќе потпишам и нов договор и план ми е да останам уште долго тука“, кажа аргентинскиот напаѓач.

Post Author: D C